Мицкоски од Прилеп: Народот во ВМРО-ДПМНЕ гледа шанса и надеж

Одржав состанок во општинскиот комитет во Прилеп, каде беше претесна салата да го прими народот кој во ВМРО ДПМНЕ гледа шанса и надеж, што за мене е најголема обврска и должност. Народот е револтиран затоа што денес во Македонија владее хибридниот режим на Заев. Први сме како држава само по корупцијата која не го одминува ниту Прилеп. Нема ниту едно ветување кое го исполнија, а само рекетот и криминалот тој кој расте. И едно е сигурно дека не се може повеќе вака. Потребна е работа, исправена кичма и чест. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе биде на вистинската страна, на страната на обновата, на страната на Македонија!

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.