Сите криминали на СДСМ и Заев излегуваат на виделина

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Сите криминали на СДСМ и Заев излегуваат на виделина.

Ниедно празно соопштение од СДСМ не може да ги сокрие кривичните дела на Заев и неговиот брат.

Постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал. Италијанскиот медиум „Ла Верита“ уште еднаш го откри криминогениот карактер на Заев.

Заев во 2014-та година како лидер на СДСМ и градоначалник во Општина Струмица заедно со неговиот брат Вице биле директни учесници во изборна корупција, изборен поткуп, закани, уцени и притисоци. Биле дел од изборен криминал, дело кое не е застарено. Зоран и Вице Заеви договараат одмазда кон неистомислениците и поткуп за оние кои се согласуваат да свиткаат кичма.

Одговорност за ова ќе има, по 12-ти април Зоран и Вице Заев ќе излезат пред лицето на правдата. Правда по 12-ти април ќе има. А, граѓаните на Заев и СДСМ ќе порачаат никогаш повеќе.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.