Единствена мерка што СДСМ ја спроведе за младите е нивното трајно иселување од Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Единствена мерка што СДСМ ја спроведе за младите е нивното трајно иселување од Република Македонија.

Во 2019 година се иселиле над 10.000 млади лица од нашата држава, и тоа поради лошите политики на оваа власт.

Нема нови инвестиции, нема отворени нови работни места, но затоа  има уништен образовен, спортски и културен систем во државата од страна на оваа криминална влада.

Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80 % во одредени региони од државата.

Никој не ги принудуваше со сила Зоран Заев и неговите функционери од СДСМ да ветуваат на младите проекти кои што нема да ги исполнат.

Владата на СДСМ три години не може да ја заврши ветената реконструкција на Студентскиот Дом „Гоце Делчев“, која што беше започната од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ вети студентски град, но се уште нема трага од него.

Младинската гаранција ја нема што ја ветуваа пред избори. СДСМ не направи ништо за младите, а вети многу.

Младите ќе го казнат СДСМ на 12-ти април. Младите на 12-ти април ќе  порачаат Зоран Заев никогаш повеќе. А, така ќе започне и обновата на Република Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....