СДСМ повторно сака со народни пари да ги покрие долговите, кафанските сметки и луксузирањата на нивните функционери

Интегрален текст од изјава за медиуми – Зоран Илиоски, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

СДСМ повторно сака со народни пари да ги покрие долговите, кафанските сметки и луксузирањата на нивните функционери и директори на општинските јавни претпријатија.

Свесни за тешкиот пораз кој им претстои во април, СДСМ во пресрет на изборите имаат намера да префрлат пари од државниот буџет на општинските јавни претпријатија за да можат да спроведат класична предизборна и изборна корупција и поткуп на граѓани и гласачи, со една и единствена цел, да останат на власт.

Откако пред околу 14 месеци власта директно од државниот Буџет на општините им исплати околу 49 милиони евра токму за отпис на долговите, овој пат непосредно пред избори, СДСМ има намера повторно да ги прости новите долгови создадени од расипничкото трошење и луксузирање на нивните неспособни директори на локалните јавни претпријатија низ градовите во Република Македонија.

Имено, станува збор за поголем број на јавни претпријатија од различни општини ширум државата кои откако пред речиси една година добија финансиска помош од централната власт и подмирување на долговите, сега за само една измината година, повторно се заглавени до гуша во долгови. Ќе набројам неколку примери на општински јавни претпријатија кои што нивниот долг не само што не се намалил, туку енормно се зголемил. Се работи за:

  • ЈП за стопанисување со спортски објекти Радовиш за само една година го зголемил својот долг за неверојатни 384% односно од 193 илјади денари на 938 илјади денари.
  • ЈП за комунални дејности, Комунална хигиена Новаци од 165 илјади денари во 2018 година на 448 илјади денари во 2019 година односно зголемување на долгот за 171%.
  • ЈСП Скопје, од 33 милиони денари на 72 милиони денари нов долг, т.е. зголемен долг за 2019 од 113% во однос на 2018г.
  • Јавно комунално претпријатие Пела Хигиена Општина Могила, од 387 илјади на 788 илјади денари, односно 103% поголем долг.
  • ЈП за енергетски дејности Струмица Гас, од 5,7 милиони денари на речиси 11 милиони денари долг, односно 92% поголем долг.
  • ЈП за комунални работи Услуга ЦО Берово, од 23 милиони денари на 40,5 милиони денари односно 71% поголем долг.
  • ЈП за јавни паркиралишта Градски паркинг – Скопје, од 10,5 милиони денари на 16,2 милиони денари, што значи зголемување на долгот за само една година за 53%.
  • ЈП за комунални дејности Комуналец ЦО Струмица, од 172 милиони денари на 241 милион денари односно 40% поголем долг.
  • ЈП за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простории Билјанини Извори Охрид, од 19,1 милиони денари на 24 милиони денари односно 25% зголемување на долгот од лани до сега.
  • ЈП Водовов и канализација Скопје, од 215 милиони денари на 241,5 милиони денари односно зголемување на долгот за 12%.
  • ЈП за комунални дејности Турија Василево од 10,6 милиони денари на 12,3 милиони денари односно зголемување за 16%.
  • ЈП за комунални дејности Комуна Крушево, од 20,2 милиони денари на 22,2 милиони денари односно 10% зголемување на долгот.
  • ЈП за комунално-производни и услужни работи Исар Штип, од 104,5 милиони денари на 112,2 милиони денари што значи зголемување на долгот за 7%.

Токму ова е резултатот и штетните последици од раководењето и владеењето на оваа расипничка власт кои СДСМ има намера да ги плати и покрие со пари на граѓаните.

СДСМ уште повеќе се вплеткува во сопствената лага тврдејќи, без никакви аргументи, дека ваквата мерка е во интерес на граѓаните. Сепак, податоците и фактите говорат дека СДСМ повторно дрско лаже. Целата македонска јавност знае дека овој предлог закон за отпис на долговите е во интерес само на функциониерите на СДСМ и заштита на нивните криминали и луксузирање на сметка на граѓаните.

Дополнително, уште еден доказ и потврда за катастрофалната состојба, огромниот криминал и корупција во која се наоѓаат, не само општинските јавни претпријатија, туку и Република Македонија во целост, е последниот извештај и рангирање според угледниот британски весник „Економист“, кој Македонија со оваа власт предводена од СДСМ, ја сместува во групата на држави со „хибриден режим“ и се наоѓа рамо до рамо со земји како Кенија, Танзанија, Мали, Сиера Леоне, Непал, Сенегал, Пакистан и др.

Очигледно, по сите катастрофални политики, криминали и скандали, само СДСМ и луѓето околу нив веруваат дека можат да ја избегнат народната казна и тешкиот изборен пораз кој ќе го претрпат на 12-ти април. Што побргу го сфатат ова во СДСМ, тоа подобро за граѓаните и Република Македонија.

Затоа, ние како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата уште еднаш ќе повториме дека нема да бидеме соучесници во овој грабеж на народните пари кој што СДСМ има намера да го спроведе, се со цел заштита на своите неспособни кадри и директори, како и предизборни и изборни манипулации, поткуп и купување на гласачи.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....