Трипуновски од Долнени: Во моментов само една компанија врши откуп на тутун

-Денеска повторно бев во општина Долнени на барање на тутунарите од селата Новоселани, Дебреште и Ропотово, напиша на својата Фејсбук страница дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот Трајан Димковски заедно со Шапуриќ во саботната посета од затворен тип на општина Долнени ветувале многу, а не исполниле ништо. Веќе во понеделникот биле затворени откупните пунктови, а во моментов само една компанија врши откуп на тутун. Меѓутоа и тутунот што се откупува е со пониска цена и класа од реалната. Проблем плус е увозот на тутун и досега се увезени над 600 тони тутун додека домашниот не се откупува, пишува Трипуновски.

Ваквите лаги и манипулации со земјоделците мора да престанат – порачува тој.

-Од оние поплаки коишто ги добивам секојдневно дека откупот е стопиран, освен онаа компанија каде што се наоѓаме сега, останатите ги имаат затворено откупните пунктови, а и таму каде има минимален окуп проценката е нереална. Последна бројка којашто ја добив внатре од министерството е дека во Република Македонија се внесени преку шестотини тони тутун. Тоа значи со последната измена којашто ја критикувавме и требаше да се заштити домашното производство се дозволи да се увезува тутун, а овие луѓе коишто овде произведуваат најквалитетен тутун во светот да остане под знак прашање дали ќе биде целосно откупен, вели Трипуновски.

Тој истакна исто така дека повеќе од очигледно е дека оваа власт не е способна, ниту е заинтересирана, ниту е кадарна да ги реши проблемите.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.