Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски – Претседател  на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски – Претседател  на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Со оглед на кажаново на прес – конференцијата вие имате забелешки  на  дел од членовите на законот. Дали ова значи дека сте песимиста дека може да се постигне договор до 12 февруари?

Одговор: Ова значи дека имаме забелешки  на предлогот кој што го доставија од предлагачот. Консултиравме голем број експерти, претпоставувам предлагачот не се ни сетил дека тие експерти постојат во државата за да ги консултира,но  затоа сме ние тука ги консултиравме секој од нив поединечно достави голем број забелешки кој што е подготвен нормално и да ги брани јавно и транспарентно.  Но во има на таа одбрана подготвени сме да седнеме со предлагачот и да преговараме да видиме дали е подготвен да се откаже од нивните две цели а тоа е, заштита на основаното сомневање за сторен криминал на Заев екипата околу него но и  оние кои што се слуги на Заев чии што процеси се враќаат на почеток или пак се наоѓаат на дното од приоритетите во обвинителството и судовите и како второ да обезбедиме она кое што за нас е важно а тоа е да има вистинско владеење на правото, да биде законот во согласност со европскиот дух, реформскиот дух и да биде во согласност со Уставот. Ако ме прашувате дали сум подготвен да правам компромис , не, не сум подготвен за овој предлог ниту јас, ниту пак било кој од тимот кој што преговара со предлагачот.

Прашање: Што предлагате вие каков да биде начинот на избор на јавен обвинител и во преодните и завршните одредби за судбината на обвинителството?

Одговор: Сигурно не вака како што е овдека а начинот на кој што ние ќе го предложиме јасен и е на јавноста и тој треба и тој беше во неколку пати јавно соопштен.

Прашање: Господнине Мицкоски бидејќи законот за јавно обвинителство веќе подолг период се носи кое е вашето мислење зошто власта досега не смогна сили значи да остави на експертите да го сработат законското решение и дали сега работата е ставена пред свршен чин да се донесе и уште еден закон во  5 до 12 бидејќи знаеме судбината на таквите закони како формирањето на Агенцијата за национална безбедност или ОТА како функционираат, знаеме зошто се брза бидејќи нели и ЕУ не притиска. И уште едно дополнително прашање дали мислите дека Заев ќе успее да собере двотретинско мнозинство  за ете без најголемата опозициска партија да го донесат законот за јавно обвинителство?

Одговор: Видете не може  притисок кој што постои кој не можам да го издржам кога станува збор за правото, правдината заштита на уставот и заштита на законите. Не постои притисок кој што ќе ме натера на против уставен, нереформски и неевропски закон  да подржам ниту како човек ниту пак како лидер на опозиција. А ова не ми ни паѓа на памет, компилација од желби на Зоран Заев искомбинирано со неколкумина кои што имаат интерес од носење на вакво законско решение. Ние во минатото ,многу пати кажувавме и апелиравме луѓе немојте ова да го правите тоа беше нивна црвена линија се сеќавате кога сакаа да ја промовираат Катица Јанева за државен Јавен обвинител односно заменик на Јовевски ние велевме немојте жената е до гуша заглавена во сомнежи за криминал. Не тоа беше нивната црвена линија ќе ве потсетам на тие преговори во април месец, потоа се сеќавате на онаа слика со качулката на глава и со лисиците на раце како заврши.

Потоа велевме немојте луѓе да го правите ова со предметите да ги префрлате од СЈО во редовното јавно обвинителство со писмо напишано на рака, со многу контраверзни, на начин на кој што е незаконски и неуставно. Го направија тоа практично со сила ги натераа и обвинителите и судиите да го кршат и Уставот и да го кршат законот. Сега со овој закон тие предлагаат да ние тоа го озакониме. Ако тоа не е директно мешање во рамките на судска постапка и ако не е тоа навистина режимски однос, тогаш не знам што е режимски однос.

Зошто ние сега имаме потреба во овој закон да регулираме процеси кои што се во тек. Оставете ги нека си течат. Ќе има резултат. Тие што се опфатени со тие процеси, обвинети нека имаат право да се бранат да ја докажуваат својата невиност ако не на судовите во Македонија има судови во Европа кои што ќе докажуваат дали било тоа законско, дали не било законско. Зошто ние сега имаме потреба со овој закон да разговараме за тоа. Еве направивте тоа што направивте на насилен начин ги пренесовте и незаконит и антиуставен сите процеси од СЈО во  редовното, терајте си. Не не терајте сега ние во процесите во тек ние да интервенираме со закон. Па тоа е не само што е недозволиво, туку тоа можеби е и уникат. Тоа не постои.

Понатаму велевме не може да дозволиме специјалните јавни обвинители со закон да ги префрлиме во рамките на тоа некое ново обвинителство кое што тоа беше во тек, со овој закон обвинителство не постои, ниту пак постои одделение кое што тогаш го предлагавме туку сега сето ова собрано влегува во обвинителството за организиран криминал и корупција каде што ќе ве потсетам одговорна е Вилма Русковска.

Знаете онаа жената која што викаше ќе ме повика, поминаа 6-7 месеци, ниту ме повика, ниту пак има абер да ме повика, што праќаше пораки итн. И сега ние треба да имаме доверба во нејзе кога таа ја лажеше целата македонска јавност. И сега ние треба да речеме имаме доверба во Вилма Русковска и сето ова ќе и го доделиме на Вилма Русковска која што е сведок кога еден од осомничените во Рекет вели погледнете ги камерите од мојот дом и ќе видите каде завршила торбата Луј Витон и кој се влегувал во мојот дом, никој од тие не е повикан да даде исказ што барал кај тој осомничен дома, што разговарале како разговарале. И ние сега треба да имаме доверба, тоа е невозможно. Ниту пак јас, ниту пак имам намера некого да убедувам да има доверба во тоа.

Затоа велиме ајде оставете ги тие Тејлор Мејд решенија, да гледаме што е вистински реформски закон и што е интерес на граѓаните. Така што по првото прашање не би можел да кажам воопшто ако не се поместат од нивните тврди преговарачки позиции да штитат сомнежи за сторен криминал. Да штитат луѓе кои што се дел од луѓето кои што го поддржуваат малкумина Зоран Заев, но и тие што му слугуваат на Зоран Заев, небитно од која политичка партија се. Дали се од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ или било која друга партија, тоа нема да го поддржиме. Тоа нема да го поддржиме, ниту пак ми паѓа на памет такво нешто да поддржиме.

И конечно на крај дали ќе собере 80 пратеника, тоа е демократско право на секој политичар да се обиде да разговара со пратениците во рамките на парламентот да ги убедува доколку цени дека убедителната моќ има капацитет да собере, нека си соберат, нека си тераат и тоа е тоа. Ние не можеме ваков предлог да поддржиме. Подготвени сме да разговараме, да преговараме, кога ќе има од спротивниот табор односно од предлагачот луѓе кои се подготвени да преговараат, стоиме на располагање и тука сме да преговараме.

Прашање: Господине Мицкоски, како би ја коментирале одлуката за назначување на Рената Десковска во Венецијанската комисија со оглед на тоа што тоа се случува 3-4 месеци пред изборите?

Одговор: Видете, тоа е скандалозно само по себе, ние и тогаш тоа го коментиравме што не отстапи од министерската позиција и еве ја користам оваа прилика и друга анализа да кажам, бидејќи тоа сме го зборувале и во рамките на партијата, но и во разговори со моите стратешки соработници и со правната комисија. Ако го погледате законот за антикорупција членот 44 став 2, ќе видите дека тоа е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција. Замислете човек кој себеси се нарекува познавач врвен европски познавач на правото прави правен фаул за себе. И ние треба да имаме доверба. Ние сега треба да имаме доверба во овој предлог кој што таа како орган во министерството кое што го има го предлага, мислам тоа е навистина надвор од било каква логика. Кога на самата себе го прекршува законот. Еве ја повикувам ДКСК по допрен глас, нели иако тие обожуваат веќе неколку месеци таму немаат одржано седница, претпоставувам сега ќе се интензивизираат пред изборите, и наеднаш ќе има наплив на седници во ДКСК. Но на една од тие седници, најчесто ќе бидат случаи против мене или против ВМРО-ДПМНЕ, еве ги охрабрувам по овој допрен глас да одржат седница и да истражат дали е во конфликт со законот за антикорупција, односно спречување на корупција себе номинирањето на избран функционер од истата таа Влада за претставник во Венецијанската комисија. Еве нека го истражат тоа и нека излезат, ако сум јас во грешка, ако сме ние во грешка тогаш ќе имаме доблест да признаеме, но ако не сме во грешка тогаш да видиме конечно некаква одговорност. Еве сега сум убеден дека ќе ги засилат состаноците, иако неколку месеци нема никаква активност таа иста комисија.

Прашање: Господине Мицкоски, дали после овие забелешки има потреба за лидерска средба?

Одговор: Овие забелешки не се за живот или смрт, ова се забелешки кои се во однос на правото и уставот. Ова се забелешки кои што ние сме подготвени да ги браниме, луѓето кои се автори на овие забелешки се подготвени да ги бранат. Ние овие забелешки не ги даваме дека така ни текнало на нас, туку затоа што сакаме да имаме закон кој што е реформски и закон кој што ќе ја подобри правдата и правдината во Република Македонија. Не затоа што ќе имаме парче хартија на масата, па ајде сега ние ќе одиме чекор понатака. Еве ве прашувам, како е можно да се прават такви компромиси со правдата во Република Македонија? Тие што му опонираат на Зоран Заев да се на брза трака и да има индиции за директно вмешување на други луѓе од Владата во одредени случаи или луѓе од Бихаќка, во судски одлуки и обвинителски процеси, а за други кои слугуваат кај Зоран Заев се да тргнува од почеток и секогаш да се става доле на листата на приоритети. Не се отфрла, за секој случај. Затоа што ако притреба може да се извади и да се стави на приоритет горе веднаш. Не се отфрла. Тоа е систем на создавање слуги, кој што не трае од сега. Ако не можете да го поткупите, тогаш го уценувате и го притискате со наместени судски процеси. Секој не може да се справи карактерно со таквиот притисок и нормално е да му слугува на Заев. И тоа не е од сега, тоа е од кога ја водел општината па се до сега кога имаше неуспешен обид да ја води државата.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....