Едно е јасно, а тоа е дека по 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада

Водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ, Зоран Заев, барал чист мандат за да се покажел на економски план. Лично Заев ќе се посветел со, внимавајте, огромна доминација на економијата, и заради тоа потенцирал две работи кои ќе биле доминантни во следните 4 години, економија и севкупна трансформација на оп(ш)теството! 🤔 Веројатно пак ги помешал малку работите, но едно е јасно, а тоа е дека по 12 април ВМРО-ДПМНЕ ја формира новата влада штом изјавува дека економијата ќе доминира во следните 4 години.

Оливер Спасовски и Мила Царовска при посета на текстилна компанија со изјава дека владата работи како да се подобрат условите и за работодавачите и за работниците и како една една од најважните придобивки на оваа заедничка соработка го издвоија изграденото силно партнерство. Истовремено со оваа изјава, од невладината организација “Гласен текстилец” бараат од владата да се истражуваат манипулациите со исплатата на минималната плата, пред се во текстилната индустрија … или народски кажано “тонч”!

А, Радмила Шеќеринска ја слушаме како “од пушка”, без ни малку срам, кажува дека “тоа што ќе го сработиш, никој не може да ти го одземе”. И веројатно да е од било кој друг од СДСМ ќе поминеше “како-така”. Но, кога доаѓа од човек кој е повеќе од 20 години на политичката сцена во Република Македонија и притоа е синоним за неуспех … нашиот мудар вели “ниту перде, ниту срам”!

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....