Арсовски во интервју за „Економски лидер“: Тонеме длабоко на дното на сите индекси, од економија примамлива за инвестиции, до хибриден режим и заробена држава

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во интервју за порталот „Економски Лидер“ истакна дека паѓаме и тонеме на сите индекси, од економија која што беше во првите десет и држава примамлива за странски инвестиции, ние пропаднавме длабоко на дното. Покрај „Транспаренси интернешнл“ на чиј што извештај сме на 106-то место за корупција, по извештајот на „Економист“ според кој сме хибриден режим, како и извештајот на невладината од САД „Нет“ кој вели дека се наоѓаме на ниво на тоталитарен режим и дека Македонија е заробена држава.

-Во однос на најновиот Извештај на „Транспаренси интернешнл“ тој истакна дека секогаш кога СДСМ е на власт во 2005 година исто кога се подготвуват за пад од власт, ја носат Македонија на 103-тото место, длабоко на дното. Истото се случува и сега,ние сме на 106-то место што значи дека ништо не е различно од она најцрно владеење на СДСМ во период 2002 до 2006 година со низа коруптивни скандали, вели Арсовски.

Тој истакна дека 2019-та година беше обележана од еден најголемите случаи на корупција „Рекет“ во кој СЈО најголем дел од луѓето осомничени беа протежирани од страна на владата на СДСМ, владини функционери и останати блиски луѓе до СДСМ, каде роднини на функционерите беа на платен список на Специјалното јавно обвинителство.

-Има сериозни индиции за криминал во однос на инсинуациите за набавка на пасоши, во 2005-година фирмата „Веридас“ која е правен следбеник на онаа фирма тогаш за скандалот за зголемена сума за набавка на патни исправи. Тогаш криминалот се проценува некаде околу 5 милиони евра тогаш обелоденет од само два медиуми, за која и афера била запознаена Европската унија . Сега години подоцна ни се случува истото, се работи за сума за набавка на лични карти од 12.7 милиони евра. Има низа прекршувања, утнати се роковите и прво е потпишана рамковната спогодба, а веднаш потоа извештајот и одлуката за избор, но според законот прво треба да се донесе одлука за фирма која треба да биде снабдувач, вели Арсовски.

Арсовски истакна дека правда и одговорност мора да има, но не по теркот на Заев туку еднакво и неселективно кон сите граѓани, правдата е неопходна, по 12-ти април секој еден скандал и афера ќе биде следена, а институциите ќе си ја работат својата работа.

-Во моментов во Јавното обвинителство има стотици случаеви каде што се поднесени кривични пријави, отворени се постапки,меѓутоа стојат и  не мрднуваат од мртва точка, ќе набројам неколку: Случајот со гласањето на рефендумот, односно иборни нерегуларности за кој сеуште нема ништо; Случајот со прислушкувањето што се случи во ЈО, има отворено постапка сеуште стои; Случајот со Фонд за иновации, над 10.5 милиони евра беа испумпани на луѓе блиски до СДСМ – посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Тој вели дека за разика од позитивните пресуди во корист на власта, за сите оние кои се блиски до СДСМ и Заеви како случаите со градоначалниците, сите останати граѓани оставени се на селективноста во одлучувањето и постапувањето на првосудните органи.

-Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен еден сериозен скандал кој што зема сериозни размери во јавноста, тоа е дел од законот за опојни дроги, народски кажано законот за марихуана кој што во моментот власта сака да си го донесе по свој терк. Ова е уште еден скандал низ низа на други скандали, каде што власта ги става, односно власта на СДСМ и фамилијата заеви ги става своите лични интереси пред сите останати државни интереси кои што се во интерес на граѓаните, станува збор за сериозна сума на пари, најави за „Економски лидер“портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Арсовски.

Целосното интервју можете да го погледнете на следниот линк:

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...