Стоилковски: СДСМ и Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата и вршат предизборен поткуп

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата во изборни цели. Ја нарекуваа трома администрација, а сега ја полнат и ја партизираат без срам.

Нема јавна институција каде одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

Сега „Царина“ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како е наведено, „заради зголемен обем на работа до крајот на годината“.

Од нив еден е за во кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време.

Почитувани,

Ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа. Ова е класичен обид за злоупотреба на надежта за постојано вработување, но само и само  доколку  се покаже определено, за СДСМ и за Зоран Заев, посакувано однесување на изборите.

Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборен поткуп за СДСМ до сега минуваше неказниво и без поднесување на одговорност. Но, одговорност ќе има.

СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите порази, за сите измами и криминали.

На 12ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.

 

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...