Со поништувањето на Решенијата за именување на  в.д директори СДСМ го попречува нормалното функционирање на Центрите за социјални работи

Соопштение до јавноста

Илјадници граѓани од почетокот на годината се во мака и тешки проблеми поради несватливото однесување на СДСМ. Мислејќи дека ќе ја блокираат работата на новата министерка Рашела Мизрахи, ги оставија луѓето на милост и немилост.

Со поништувањето на решенијата за разрешување од должност на овие лица и именување на нови во посочените места, Владата директно се вклучува во продолжување на агонијата  на илјадници граѓани.

Владата на Република Македонија, директно преку дополнителната заменик министерка Санела Шкриејљ, го опструира работењето на Министерството за труд и социјална политика. Со поништувањето на Решенијата за именување на  в.д директори тие директно го опструираат и попречуваат нормалното функционирање на Центрите за социјални работи и нанесуваат директна штета врз најранливите категории на граѓани. Имено, сите незаконски назначени  в.д директори го опструираат работењето на центрите со земање на „оркестрирани боледувања“ отворени во ист ден. Нестручните и некомпетентни партиски кадри на СДСМ биле вршители на должност спротивно на тогаш важечкиот член 187 став 2 од  Законот за социјална заштита и за истото  ќе биде поведена постапка за злоупотреба на  службена дожност против тогашната министерка Царовска. СДСМ во недостаток на стручни и компетентни кадри, именувал едни исти несоодветни  в.д директори  и по неколку пати иако член 187 став 1  од Законот за социјална заштита не го дозволува тоа. Министерката Царовска со цел да им овозможи функции на нестручните и партиските кадри, направила и промена на Законот за социјална заштита со цел нивно назначување.Целта на техничката Влада е да се спроведат фер и демократски избори но лицемерието на СДСМ преку опструкција на нормалното функционирање на центрите директно влијае на нарушувањето на изборниот процес.

Го повикуваме Зоран Заев да престане да ја опструира работата на Министерството, во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Ова е срамота, греота и целосно несфатливо однесување, а таквото однесување  на СДСМ луѓето ќе го казнат на следните избори.

      

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....