СДСМ предизборно врши брутална партизација во државната компанија АД ЕЛЕМ

Соопштение до јавноста

СДСМ соочени со пораз се обидуваат со предизборен поткуп да ја ублажат катастрофата која ги очекува во април.

Во обид да спаси колку што може, СДСМ предизборно врши брутална партизација во државната компанија АД ЕЛЕМ каде распиша оглас во кој се предвидени 200 вработувања.

Покрај АД ЕЛЕМ, со предизборни вработувања ги партизира и останатите државни енергетски компании. Во РЕК Битола вработи 200, а во МЕПСО вдоми 63 свои партиски војници на само 8 дена пред техничка влада.

Повеќе од јасно е дека СДСМ во очи на изборите безмилосно ги троши буџетските средства за да ги награди своите партиски војници имајќи предвид дека во овие компании платите се неколкукратно повисоки од просечната плата во Македонија. Не се вработуваат инженери или други стручни лица потребни за работа, туку разни советници, книговодители и раководители.

Истиот принцип СДСМ и Заев го спроведуваа на почетокот на мандатот кога во компаниите си ги вработија децата на функционерите и советниците кои претходно одработуваа за нив во минатата кампања.

Додека повеќе од 70% од граѓаните во Република Македонија земаат плата пониска од просечната а 500.000 едвај преживуваат, партискиот кадар на СДСМ и роднините на нивните функционери земаат дебели натпросечни плати во државните компании.

Животот кој го ветија го обезбедија само за своите фамилии, а за македонските граѓани СДСМ  донесоа сиромаштија и порази.

Токму затоа Заев и СДСМ ќе бидат жестоко поразени на 12-ти април. СДСМ и Заев ќе бидат казнети заради бедата која ја донесоа и сите криминали, измами и неправди изминативе три години.

После 12-ти април следува одговорност и обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.  Заев и СДСМ никогаш повеќе!

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...