СДСМ го понижи македонскиот нарекувајќи го странски јазик во Македонија!

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Роберт Вељановски

Почитувани,

СДСМ е фатен на дело како се обидува набрзина, преку предлог законот за употреба на македонскиот јазик, да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Република Македонија. СДСМ дополнително го понижува македонскиот јазик нарекувајќи го странски јазик во Македонија.

Молкот на Заев, Спасовски и нивните послушници за скандалозното законско решение нема да го сокрие срамот на СДСМ од овој голем скандал. Имено, молкот од само потврдува дека тие се согласуваат со скандалозната формулацијата во член 4, алинеа 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик во која СДСМ за македонскиот јазик вели дека е „странски / втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Но, според Уставот и законите, македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор јазик во Република Македонија. Согласно Уставот, ДРУГ јазик може да се употребува ПОКРАЈ Македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. СДСМ мора итно да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик ниту странски јазик во Република Македонија.

Заев, Спасовски и СДСМ заговараат неуставно и навредливо законско решение кое во членот 7 повторно го понижува македонскиот јазик. Во него се вели дека „на јавните настани финансирани од буџетот, задолжително се употребува и македонскиот јазик“.

Почитувани,

Иако во оценката на состојбите што треба да се уредат со овој закон звучно се декларира дека со овој закон се зацврстува посебната заштита на јазикот како нематеријално културно наследство, одредбите на овој закон се далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер.

Затоа, бараме итно Заев, Спасовски и СДСМ да не ја ставаат политиката над науката и да ги слушнат жестоките реакции и критики на 90% од стручната јавност за ова несреќно законско решение. Со оглед на извонредното значење на овој закон за широката јавност, овој закон не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура, односно низ три читања.

СДСМ мора да прекине да ја злоупотребува техничката влада за срамно политиканство кое прави штета на македонските националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос кон македонскиот јазик од страна на СДСМ и ќе работи на итно и темелно подобрување на предложениот закон.

Почитувани,

Обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на националните интереси.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....