Заев во паника уште сега ја призна победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори

Соопштение до јавноста

Заев во паника уште сега ја призна победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори. Исплашен од поразот кој му следи, Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор.

Заев знае дека се ближи денот кога ќе треба пред граѓаните да одговара за тргувањето со државните и национални интереси, за продажбата на јазикот и историјата. Затоа тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на кичма.

Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот Преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор наместо подобар живот на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки по улиците и афери како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него.

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога по плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт.

Наместо живот донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази кои ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги коригира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега.

Црните сценарија кои ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните. Заев повеќе никогаш нема да биде премиер и ќе биде жестоко поразен на 12 април, а после тоа следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.