Во очи на распуштање на парламентот и започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во АД ЕЛЕМ    

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ и Зоран Заев во паника од поразот, во очи на избори бесрамно продолжуваат со предизборни вработувања и партизација на институциите. Во очи на распуштање на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во државната АД ЕЛЕМ.

Ова е чиста партизација, ова е чист непотизам во изборни цели на власта во заминување. Ова не е прв случај на полнење на АД ЕЛЕМ, на полнење на РЕК Битола, или на АД МЕПСО, полнење на државните енергетски компании во овој предизборен период. ЕЛЕМ како дел од државните компании каде платите се неколкукратно повисоки од просечната постојано периодов е цел на полнење со луѓе од партиските тефтери на СДСМ.

Потсетуваме дека на 8 дена пред техничка влада ЕЛЕМ распиша оглас за вработување нови 30 лица.  Претходно имаше оглас за 200 лица во РЕК Битола, а за во МЕПСО наводно беа потребни 63 лица. Не вработуваа инженери или други стручни лица потребни за работа на ова претпријатијата, туку разни советници, книговодители, раководители. Каква е намерата за итност за вакви вработувања пред избори, ако не е полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.

СДСМ и Заев се во паника. Ваквото однесување на СДСМ, на Заев, на власта во заминување фрла сериозен сомнеж, но и го доведува во прашање амбиентот на изборниот процес.

СДСМ и Заев се виновни за сите порази, измами и криминали, на 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....