Три години СДСМ и Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина    

Интегрален текст од изјава за медиуми на Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Три години СДСМ и Зоран Заев на власт, три години Ѓорче Петров заборавена општина.

За владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, Ѓорче Петров изминатите три години како да не постоеше. Централната власт не отпочна ниту пак заврши ниту еден проект, а ветуваше многу. Неспособноста оди до таа мера што и оставените проекти од страна на претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ не ги ни започна, а камо ли да ги заврши. Ѓорче Петров три години стагнира и стои во место.

Нема ништо од најавените две нови градинки, Клиничкиот центар во Волково може да се види преку со розевите очила на Заев, нема изградено ниту еден спортски објект, гасификацијата остана само на букви во нивните програми. Нема ништо ниту од надградбата на капацитетите во ОУ „Димитар Беровски“ во Хром и „Тихомир Милошевски“ во Волково. Нема никакви активности и за поврзувањето на населба „Даме Груев“ со бул. „Илинден“.

Фекалната канализација во Волково и асфалтирањето на 33-те улици, проект кој го остави ВМРО–ДПМНЕ, три години не можат да го завршат поради нивната неспособност и неангажираност.

Зоран Заев и СДСМ три години немаат вложено ниту еден денар од буџетот на Република Македонија во општина Ѓорче Петров. Образованието, здравството, културата, спортот, инфраструктурата се оставени да стагнираат и да се распаѓаат додека функционерите на СДСМ и Зоран Заев безкрупулозно го ограбуваат народот.

Почитувани,

Граѓаните на Ѓорче Петров ги прочитаа овие луѓе и на 12-ти април убедливо ќе ги поразат исто како на претседателските избори. Ѓорче повторно ќе стане општина во која владата ќе вложува во изградба на градинки, спортски терени, училишта, патишта. Ѓорчепетровци ќе изберат обнова на Ѓорче и обнова на Република Македонија.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....