Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на сите лаги и погубни политики на СДСM

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференција на Милан  Живковиќ

СДСМ се свесни за катастрофалниот пораз кој ги очекува на 12 Април и се обидуваат да го убедат народот дека не сфаќа колку бил добар животниот стандарт во земјата и колку е намалена невработеноста. Но, граѓаните добро знаат дека не е така, дека нема странски инвестиции, нема отварање на нови работни места.

Лошите политики на СДСМ ги чувствуваат и младите и токму поради тие нивни лоши политики секојдневно ја напуштаат државата, а доказ за тоа се бројките кои покажуваат дека во 2019 година се иселени над 10.000 млади лица од државата.

СДСМ  вели дека младинската гаранција само во 2019 опфатила 20 000 млади лица, а ако добро се погледне во Оперативниот План за 2019 планираниот опфат во Гаранција за млади на целата територија на Република Македонија е 9500. Ова само покажува дека бројките кој СДСМ  ги презентира се лажни.

Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на сите овие лаги и погубни политики на СДСМ.

На 12 Април следува одговорност.

На 12 Април граѓаните ќе го дадат својот глас за обнова на Македонија.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....