СДСМ по којзнае кој пат ја покажа својата лицемерност

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ  ги злоупотребува законите за свои цели. СДСМ по којзнае кој пат ја покажа својата лицемерност.

При носењето на Законот за служба во АРМ, пратеничката група на СДСМ го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, кај што предвидуваше пензионирањето на вработените во АРМ да биде возможно или со 40 години стаж или со 55 години старост.

Доколку СДСМ го прифатеше амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, практично СДСМ ќе ги пензионираше своите партиски кадри.

Постапките на СДСМ во однос на овој закон единствено укажуваат дека за нив партизацијата и де-професионализацијата на одбранбените структури се наоѓа многу повисоко на нивната листа на приоритети споредено со професионализацијата и борбената готовност.

На 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи тогаш ќе започне обнова и на Армијата на Република Македонија. А, граѓаните на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев никогаш повеќе.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...