Нелоски: Обврска на политичарите е тоа што ќе го кажат – да го спроведат

Владимир Нелоски во своето гостување во телевизија 24 откри дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите на 12 април оваа година.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата за обнова на Македонија ќе има проекти коишто ќе ветуваат 1 милијарда евра за образованието, 4 милијарди евра во странските и во домашните инвестиции, но и капитални проекти во вредност од 2 милијарди евра во период од 4 години, колку што трае мандатот на Влада.

-Ќе се погрижиме Македонија да стане едно нормално место за живеење, конечно да политичарите не бидат оние коишто ќе бидат препознаени на улица, туку тоа ќе бидат младите луѓе, иноваторите и спортистите. По 12 април спортот ќе стане национален проект на Република Македонија, а ние политичарите ќе бидеме во позадина и ќе гледаме да си го работиме нашето, најави Нелоски.

За програмата на ВМРО-ДПМНЕ тој откри дека не се криела од јавноста, туку дека од партијата направиле сеопфатна анализа на актуелната состојба во државата и креирале проекти потребни за подобрување на секојдневието. Според Владимир Нелоски обврска на политичарите е тоа што ќе го кажат да го спроведат, а тој во неговата најава вети дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира ветените проекти.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....