Милошоски:Само во 2019 од Македонија во ЕУ се иселиле 24 илјади граѓани, односно 1,2 проценти од популацијата

Статистичките податоци во однос на иселувањето од Македонија се застрашувачки, бројките велат дека Македонците се евакуираат од нашата држава. Пратеникот Антонио Милошоски од Собраниската говорница сподели фрапантни бројќи кои велат дека само минатата година од Република Македонија во државите од ЕУ се иселиле 1,2 проценти од популацијата, односно во апсолутни бројќи 24 илјади граѓани.

И бидејќи разговараме за труд и социјална политика и евиденција од областа на трудот јас би се согласил со мојот претходен колега говорни кој што ги истакна бројките кои што се фрапантни особено за Република Македонија, но и за целиот регион. Но за жал дури и во регионот Македонија може да се смета за рекордер во иселувањето надвор од државата. Ќе земам ве земји за пример и двете земји не се членки на ЕУ, Македонија и Србија и според податоците кои што ги имавме од истражувачката европска агенција на оваа тема, минатата година само во Европската Унија од Македонија се иселиле 24 илјади граѓани, додека од Србија се иселиле 52 илјади граѓани во земјите членки на ЕУ. Што значи тоа во проценти? Тоа во проценти значи дека од Србија се иселиле 0,65 проценти од населението минатата година, а од Македонија се иселиле 1,2 проценти минатата година. Тоа значи дека состојбата во Македонија споредено со Србија е дупло полоша е алармантна, вели Милошоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...