Ѓорчев:Фрапантен е податокот дека минатата година од Македонија си заминалие 10 000 граѓани

Интегрален текст од изјава за медиуми – Влатко Ѓорчев, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Темата на оваа денешна прес конференција е страшниот податок за Македонија кој што имавме прилика да го слушнеме.

Вчера германскиот заменик амбасадот, господинот Ото Граф кажа дека минатата година околу 10 000 лица добиле работни визи за Германија. Тоа значи дека само минатата година, само во Германија си заминале 10 000 граѓани од Македонија.

Тоа е фрапантен и страшен податок. Тоа е буквално пораз на сите владини политики. Тоа ги покажува размерите на пустошење и иселување кое што се случува за време на овој заевизам кој што го имаме.

Ако додадеме на тоа уште николку основи за иселени доаѓаме до уште поголема бројка. Ако на тоа се додаде и бројот на иселени во Канада, во Австралија, во Америка, во скандинавските земји, во Австрија, во Малта, на блискиот исток, во Словенија, во Хрватска, во Швајцарија, доаѓаме до податокот и заклучокот дека на Македонија и се случува невиден егзодус како никогаш досегашната историја и Македонија буквално станува пуста и празна земја.

Пред една година германската стопанска комора буквално кажа дека Владата на Зоран Заев заслужува нула од германските инвеститори. Една година после тоа, ние немаме нови инвестиции, ние немаме економска активност туку напротив имаме исклучиво само иселување од Македонија.

Почитувани присутни, ќе ви кажам исто така и еден податок кој што е алармантен. Пред некој ден излегоа податоците од првите три квартали во бројот на родени бебиња. Во 2019 година се срушени сите негативни рекорди кога станува збор за родени бебиња во Македонија.

Ќе ви дадам една споредба. Во 2016 година во првите три квартали родени се 17 400 бебиња. Во 2019 година во првите три квартали за време на заевизмот бројката изнесува најлоши и најмали во историјата 14 600.

Тоа е рецесија и пад на животот од фрапантни 16%. Пробиени се сите негативни рекорди во број на ученици во училиштата, во број на ученици во средни училишта како и пробиени рекорди на заминати лица.

Зоран Заев во 2016 година одеше низ Македонија и ветуваше живот во Македонија, а тоа денес се сведе на живот во Германија и заминување на населението низ целиот свет.

Македонија буквално исчезнува. Си заминуваат луѓе од сите националности, секој си заминува од овој заевизам кој што и се случува на Македонија.

Ова сето зборува за политиките на Зоран Заев и на неговите 28 министри кои што не донесоа ниту една инвестиција во Македонија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...