Мицкоски: Верувам во мудроста на народот и сигурен сум дека токму оваа е таа година кога ќе победи oбновата врз разурнувањето

Интегрален текст од изјава за медиуми – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска сме овде во Охрид, ќе ми дозволите од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам овој ден на православните христијани Бог се јави, Навистина се јави, да им посакам многу здравје среќа, бериќет, за нив и нивните семејства.

Оваа година да биде година на победи, да биде година на обнова, да престанат неправдите, да престанат понижувањата, да престане срамот. Јас сум оптимист, верувам во мудроста на народот и сигурен сум дека токму оваа е таа година кога ќе победи Обновата врз разурнувањето.

Новинарско прашање: Пред малку Заев од овде кажа дека наредната недела постои можност за одржување на лидерска средба со вас опозицијата во однос на сите тековни случувања, за предлог законот за јавно обвинителство. Стоите ли на располагање за такво нешто?

Одговор: Тој закон за јавно обвинителство многу пати во минатото беше коментиран. Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Често пати во јавноста сме ги кажувале нашите ставови и тука нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција после 12 април. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина ниту имам намера да го губам времето на граѓаните. Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараа, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба. Ќе ве потсетам што му претходеше насоки од страна на личниот адвокат на господинот Заев врз државниот јавен обвинител, потоа едно контроверзно писмо од страна на притвореничката Јанева со која што сите предмети кои што се во судски процедури но, и оние кои што се во предистрага и истрага на криминален и незаконски начин се префрлија во судовите и она што за нас како ВМРО ДПМНЕ е најголем проблем еве веќе втора година по ред е тоа што на нелегален, незаконски начин е замрзнат имотот на партијата на 85 дена пред предвремените парламентарни избори.

И покрај целокупната злоупотреба со државните средства, со буџетот, вештачките вработувања по три вработувања партиски на едно работно место, ВМРО ДПМНЕ влегува во овие парламентарни избори со замрзнат имот. Но, ние веруваме во мудроста на народот, веруваме во народот тоа е она кое што нас не мотивира и јас сум убеден дека и покрај сите предизвици, и покрај сето ова насилие кое што го прави Владата, и покрај сите опструкции на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе издвојува убедливо најголема историска победа на 12-ти април.

Така што, доколку сакаат да разговараат уште еднаш за Законот за Јавно обвинителство, тогаш најпрвин треба изготват реформски закон, закон кој што е вистински, европски закон. Да ги доближат ставовите групите кои што преговараат, па дури потоа може да зборуваме за евентуална лидерска средба.

 

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....