Вељановски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски средства кон штетниот и омаловажувачки однос на СДСМ кон Македонскиот јазик

Интегрален текст од прес конференција за медиуми – Роберт Вељановски

СДСМ продолжува со својот дилетантски, штетен и понижувачки однос кон националните интереси, кршејќи ги процедурите и игнорирајќи го крикот на стручната јавност во однос на предложениот Закон за употребата на македонскот јазик.

Скандалозна е формулацијата во член 4, алинеа 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик во која СДСМ македонскиот јазик го третира како втор јазик, во и надвор од Република Македонија“. Македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски, ниту втор јазик во Република Македонија.

Членот 7 од истиот закон е неуставен и навредлив. Тој гласи: „На јавните настани што се организираат во Република Македонија, а се финансирани од буџетот, задолжително се употребува И Македонскиот јазик“.

Согласно Уставот, „друг“ јазик може да се употребува „покрај“ македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. Ова е уште еден показател дека за СДСМ, Македонскиот јазик е втор јазик во Република Македонија.

Ова се само мал дел од најсериозните забелешки за ова избрзано и омаловажувачко законско решение на СДСМ. Бараме владата на Заев и Спасовски да не ја става политиката над науката и да ги слушне жестоките реакции и критики на 90% од македонската стручна јавност за ова несреќно законско решение.

Инсистираме на тоа дека овој закон не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура низ три читања.

СДСМ мора да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик, ниту странски јазик во Република Македонија. СДСМ мора да престане да ја злоупотребува техничката влада за тесно-партиски интереси и истата мора да почне да работи на обезбедување демократски амбиент пред изборите на 12-ти април.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос на СДСМ кон Македонскиот јазик и ќе работи на негово итно и темелно подобрување.

Почитувани, обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на македонските национални интереси. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе!

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....