Јанушев: По три години предизборно им текна да си ги приберат функционерите од кафеани

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска во своите објави на соццијалнит емрежи порача дека на СДСМ после 3 години предизборно им текна да си ги приберат функционерите од кафеани.

-Генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на Заев и СДСМ, Љупчо Николовски, со наредба до криминално-рекетарската банда во периодот од 20 Јануари до 12 Април да бидат “примерни”! Ова во превод значи дај соземете се малку од развратен и криминален живот, барем пред избори, а после можете по старо.

Бидејќи не може да ги “приберат” од кафани, смислиле и посебна точка за тоа.
Сите функционери, на било кое ниво, не само што треба да бидат “крајно” одговорни и “дисциплинирани”, туку треба и да бидат одговорни во однесувањето кон граѓаните, и тоа и во приватниот живот, а и на социјалните медиуми, бидејќи од тоа “зависела” пораката што ја испраќале кон граѓаните!

Епа, супер, одлично, после 3 години, сега пред избори им текна! И тоа е важно само од 20.01 до 12.04?!? Пораката што ја испратија во меѓувреме … па, сега, кој да се “секира” за тоа?!?

И затоа, приватно не смеат “да мрднат”, не знам зошто им се потребни одмори кога сите овие 3 години си ги прележаа, седење по кафани “најостро се забранува”, значи само по дома да се јаде и пие, а ако случајно отидат во кафана, “ни под разно” тоа да не се слика и објавува по социјални мрежи!

Има една стара Македонска која вели “за греота”! – напиша Јанушев на својата објава на фејсбук.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...