Мицкоски: Власта направи пактови со оние за кои порано велеа дека се криминалци

Христијан Мицкоски,  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Економски Магазин“  обвини дека власта прави пактови со лица за кои порано велеа дека се криминалци.

-Истите овие кои што велеа дека ќе стават бројчаник на триумфална, па ќе ги враќале парите кај граѓаните кои што биле украдени и  така натаму, сега со истите тие луѓе прават пактови. Тие ги нарекоа криминалци, а не јас. Јас не сум ниту Зоран Заев, ниту СДСМ, јас верувам во пресумпција на невиност.  Тие истите што ги нарекуваат денеска  им се верни слуги или пак процесите се враќаат на самиот почеток за да го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.

Според  него во Република Македонија мора да има владеење на правото бидејќи само така државата ќе има развиена економија, а граѓаните ќе веруваат во правниот систем.

-Ако немате правна сигурност, ако граѓаните не веруваат  во правдината, ако бизнис заедницата без разлика дали домашната или надворешната не препознае правна држава вие нема да имате развиена економија. Тоа е суштината, додаде Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...