Мицкоски: УЈП собрала околу 4 милијарди денари помалку од она што е предвидено, тоа значи дека економијата нема пари

За емисијата „Економски Магазин“ интервју имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека државата има помалку пари поради владата на СДСМ. УЈП има околу 4 милијарди денари помалку соберено од она што било предвидено.

„Даноци се собираат по три основи. УЈП која што собира 70% од вкупните даноци во државата. Собираат три вида на даноци, еден е данок на добивка, персонален данок на добивка. Вториот е персонален данок на доход. И третиот е данок на додадена вредност. Данокот на добивка е паднат некаде за 24.5% споредена од планинарната. Данокот на персонален доход е од прилика околу 0 или 1, така нешто. Зошто? Затоа што имавме поголема даночна основица во првите 11 месеци во годината. Ако ја немавме, ако беше онаа старата која што ја вратија сега популистички предизборно откако видоа дека целата економска политика им  се урна, тогаш и тука ќе имавме потфрлања најмалку 10%“, објасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека 4.2 или 4.3 милијадри денари УЈП имаат соберено помалку од она што го планирале. И затоа сега владата ги правда преку земање на нови заеми. Владата дури вчера зеде заем од 8 милиони евра. Поради тоа сега во македонскиот буџет има дупка.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....