Годината која Заев ја прогласи за економска, бизнис заедницата ја прогласи за најлоша во историјата на независна Македонија

Зоран Заев и неговите министри одговорни за финансии целосно ја руинираа македонската економија и ја клекнаа на колена. Македонските граѓани никогаш не биле посиромашни. Повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се борат за парче леб, а денот го минуваат со еден оброк.

Првата аукција на државни записи за 2020 година е во износ од високи 500 милиони денари. Ова значи ново зголемување на јавниот долг, а трагедијата да биде поголема и ова ново задолжување е за непродуктивни трошења.

Вчера власта ги задолжи граѓаните за трошења кои нема да го подобрат квалитетот на живот, кои нема да ја подобрат економијата.

Годината која Заев ја прогласи за економска, бизнис заедницата ја прогласи за најлоша во историјата на независна Македонија. Компаниите имаа проблеми со ликвидноста, а се намалија и средствата кои бизнис секторот ги плаќа преку даноците. Капиталните инвестиции се на рекордно ниско ниво, а оваа власт во заминување и понатаму продолжува да ја задолжува државата.

Нема изградба на нови болници, училишта, спортски сали. Нема изградба на нови инфраструктурни проекти. Парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови завршија во џебовите на партиски и државни функционери на СДСМ.

Доаѓа крајот на оваа криминално-рекетарска банда, сите оние кои беа заборавени од власта овие 3 години ќе го казнат Зоран Заев на 12 април. Граѓаните ќе изберат просперитетна и успешна Република Македонија, граѓаните ќе ја изберат обновата.

Со почит,   

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...