Милошоски: Ние како Собрание не би требало да расправаме за закони кои што би произвеле материјална корист за членови на владата

На денешната седница се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при што посочи дека Собрание како Законодавен дом не треба да дозволи изгласување на штетни закони, како што е законот за опојни дроги и психотропни супстанци, бидејќи само од тоа корист ќе има Заев, неговото потесно семејство и заменик министер за економија, Колемишевски.

Исто така Република Македонија со овој закон би станала само пристаниште за нелегална трговија со марихуана и други опојни дроги. Имам два предлози за изменување и дополнување на дневниот ред. Првиот предлог е точката 40 од предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам од точка 40 да се премести како точка 2.

Сметам дека е битна точка и би требало поскоро да се разговара за неа. И вториот предлог е предлог за изземање за тргнување од дневниот ред на точката број 51, а тоа е точка на контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, закон за контрола на опојни дроги и други психотропни супстанци. Зошто ова го барам? Аргументите се следни оваа точка има конфликт на интереси со две лица кои што се официјални лица на владата, односно едното лице Зоран Заев кој што веќе не е член на владата. А, второто лице се уште е член на владата, а тоа е заменик министерот за економија, г. Колемишевски, потенцира Милошоски.

Милошоски додаде дека во октомври минатата година во Собрание на пратенички прашања му има поставено прашање на Заев што има разговарано со светскиот преварант Биг Мајк. Кој што беше дојден во Македонија и Владата не објави дека е дојден. Туку јавноста дозна преку инстаграм на Биг Мајк. А, Заев тогаш на прашањето одговори дека дел од неговата фамилија е вклучена во бизнисот со марихуана. А, медиумите како што е весникот „Фокус“ пишуваа дека во овој бизнис со свој удел во одредена фирма е вклучен и заменик министерот за економија, г. Колемишевски. Сметам со закон за опојни дроги и психотропни супстанци каде што главната измена е да се дозволи извоз, продажба и трговија на сувиот цвет на марихуана, што сметам дека е штетно и за општеството. Но генерално поентата е да има бизнис интереси самиот Заев, неговата потесна фамилија и самиот заменик министер за економија, Колемишевски.

Ние како Собрание не би требало да расправаме за закони кои што би произвеле материјална корист за членови на владата довчерашни или сегашни. А, уште помалку за закони кои што државата ќе ја направат одредено пристаниште за нелегална трговија со марихуана и други опојни дроги, нагласи Милошоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...