Ѓорчев: Катастрофалниот и мизирен закон на СДСМ за поништување на лустрацијата ќе ги награди оние кои прогонувле и убивале дејци на ВМРО

Се навршуваат 75 години од масакрот во Велес кога 53 видни Велешани беа егзекутирани и убиени без судење. Според обдукцијата биле усмртени на најсуров начин, односно со токмаци и железа со удари во главата, а некои и стрелани. Тоа беа жртвите на комунистичкиот режим чија масовна гробница беше откопана дури во 1996 година, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев дебатирајќи на седницата на која се утврдуваше дневен ред, при што предложи точката за расправа по поништување на Законот за лустрација да се повлече.

Тој укажа дека тој ден без судење е убиен 40-годишен лекар доктор Богдан Поп Ѓорчев деец на Македонската младинска револуционерна организација, на свиреп начин убиен е Благој Ѓорчев на 36 години кој бил служител, Димко Крепиев на 60 години кој бил деец на ВМРО, Лазар Крепиев на 64 години без судење со удари во главата, и многу други.

-Убиени се без судење, убиени се неколку години потоа петте струмички студенти на 19 години, убиен е со еден куршум во главата и еден во срцето Стево Топчев на 19 години, Мирко Пецев на 23 години, Јармов на 22 години, Костуранов на 21 и Белев на 22 ги собрале од игранка од корзо и ги однеле на Беласица. Затворени се и убиени илјадници други луѓе, рече Ѓорчев.

Според него „ваков каков што е предложен катастрофалниот и мизирен закон на СДСМ ќе ги награди оние кои ги прогонувле, убивале, кодешеле овие луѓе“.

-Од тие причини предлагам во име на историската правда, точката за поништување на правни акти, дејствија да се повлече, посочи Ѓорчев.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...