Со измените на законот за тутун СДСМ воведе можност компаниите да увезуваат тутун. Ова значи дека кога се даде ваква дозвола тогаш домашното производство е загрозено. Има тутунски компании кои што согласно динамиката која што ја пријавиле не го откупиле тутунот, а ги повлекле вагите и мострите од откупните пунктови, нагласи Цветан Трипуновски дополнителен заменик министер за од откупните земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24.

Тој додаде дека ситуацијата со тутунот во моментот е алармантна посочувајќи дека откупот на тутун е стопиран и дека цените не се реални по класи. Ситуацијата е алармантна, тутунот не се цени по реални класи а таму каде што треба да се откупи не се откупува, тоа е реалноста, рече Трипуновски.

Според Трипуновски, програмата и мерките на СДСМ се празни флоскули и популизам додавајќи дека ги преспале овие три години власт во делот на земјоделието. Немате никакви инвестиции, ги преспавте овие три години на власт, нагласи Трипуновски.