Стаменковска Стојковски:ВМРО-ДПМНЕ и денес стои зад ставот дека е неопходна институционална реорганизација

ВМРО-ДПМНЕ како во 2015 така и денес стои зад ставот дека е неопходна институционална реорганизација, но заради воспоставување на институционална рамка со јасни надлежности и линии на отчетност, а не како алиби за бркање од работа на неистомисленици и алатка за предизборни уцени на административците.

Бидејќи ова е операција од која треба да произлезе долготрајно и издржано решение, при имплементирањето на истата треба да се воспостави сериозен пристап и да се базира врз основа на наоди од темелни функционални анализи согласно закон и методологија. Раководните структури поставени од СДС покажаа дека не се способни за спроведување на такви анализи, поради што се врши обид да се поедностави процесот при што се заобиколува законот и се отвора простор за злоупотреба на нивните раководни функции, субјективност и манипулации.

Обидот на СДС да го прескокне најважниот чекор само покажува дека оваа суштинска операција и средствата на даночните обврзници на Европската Унија ќе бидат злоупотребени за политички реваншизам, целосна партизација на администрацијата и за релативизирање на нивната неспособност за спроведување на вистински реформи,

Воедно потенцирам дека поднесувањето на оваа информација без да бидам консултирана претставува грубо кршење на член 46 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија, а без почитување на овој закон не постојат основни услови за фер и демократски избори.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...