Безбедност на државата не е престрелки по хотели и улици среде Скопје

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски

Безбедност на државата не е престрелки по хотели и улици среде Скопје.

Безбедност на државата не е бегство на убиецот на Мартин Нешковски.

Безбедност на државата не се набавки на вода сокриено под превезот на член 7 како државна тајна.

Безбедност на државата не е давање лиценци на партиски соработници, ниту менување на записници за насилство извршено од градоначалници на СДСМ.

Тоа не е безбедност, туку злоупотреба на полицијата и заштита на криминалот и корупцијата.

Се ближи крајот на  криминалот на СДСМ.

Три години Оливер Спасовски преку политички наредби се пресметува со сите оние кои не сакаат да го поддржат во криминалот, а за таквите спорови МВР исплаќа огромни штети.

Се поочигледен е стравот на Спасовски и Заев од законските смени во МВР.

Спасовски и Заев си ја назначија Славјанка Петровска за заменик во МВР чија единствена задача ќе биде да ги штити криминогените ликови и да ја спречи професионализацијата на МВР.

Јасно е дека со ликови како Примислав Димовски и Лазе Евридики во полицијата ќе гледаме престрелки по хотели и улици или ќе имаме фалсификувани пријави како во случајот со насилството на Курто Дудуш.

Заев и Спасовски треба да се знаат доаѓа нивниот крај, а потоа следува  професионализација и  вистинска борба со криминалот.

По парламентарните избори на 12-ти април, со победата на ВМРО-ДПМНЕ започнува вистинската реформа во МВР, а секој ќе одговара за незаконското постапување.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...