Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши

Соопштение до јавноста

Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши.

Примислав Димовски кој исцица 40.000 евра пари на граѓаните за наводна соработка со криминализираното СЈО веќе нема да може да наплаќа услуги и ангажмани на рекетари.

Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето. Заврши времето кога МВР на чело со Оливер Спасовски му слугуваше на криминалот. МВР повеќе нема да ги отплаќа долговите и нема да работи за концесиите на Заев кон подземјето кое изминатите три изборни циклуси се стави во целосна служба на овој човек.

Јасно е зошто Заев, Спасовски и Петровска штитеа и форсираа криминоген лик како Драган Симоновски. Притворениот Симоновски беше осомничен дека злоупотребувал класифицирани податоци за да изнудува пари, па унапреден во началник. Логично решение само за криминалците од СДСМ.

Никогаш да не се повтори!

Неспособниот Лазе Велковски, пред очите на целата македонска јавност ја злоупотреби својата службена положба користејќи го службеното возило за да ја развозува својата ќерка. Од Заев и Спасовски беше награден со челна позиција во Одделот за организиран криминал.

Никогаш да не се повтори!

МВР на чело со новиот технички министер ќе работи професионално и одговорно во служба на македонските граѓани. Улиците нема да бидат препуштени на криминалците.

Тука е крајот на политичарите кои наместо да ги гонат се сликаа со криминалци, рекетари, бандити. Тука е крајот на коалицијата на полицијата со криминалот . Во СДСМ владее паника, стравот на Заев, Спасовски и сите нивни соработници е голем бидејќи и самите се свесни дека после 12 април ќе одговараат за стореното.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...