Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија!

Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори.

Зошто се молчи власта за „Рекет 3“?

Зошто во Штип се уште нема болница?

Зошто беше запрена градбата на болницата?

Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?

Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот?

Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?

Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?

Почитувани,

Името на Филипче е единственото покрај Заев што се поменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“.

Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.