Јанушев: Зошто молчи обвинителство за Рекет 3?

Рекет 1 и 2, го донесоа рекет 3. Додека се множат рекетите на власта и криминалите на Заев, единствено што не се шири е истрагата на обвинителството против овие криминални случаи.

Сега е веќе сосема логично зошто Венко Филипче бил во домот на Бојан Јовановски и така детално разговарале за бизнис со болници. Рекет 3 е скандал каде има сомневање дека се рекетира домашна компанија за да се откаже од изведбата на болницата во Штип, чија изградба доцни.

Дотаму ли дојде да се рекетираат фирми за изградба на болници? Зошто е раскинат договорот со домашната фирма подизведувач, а не е раскинат договорот со фирмата изведувач која е од Грција? Зошто не е активирана банкарската гаранција кога фирмата изведувач ги пробива сите рокови? Дали не е играта да ги добие градежните работи нова фирма подизведувач блиска до власта? Зошто се најавува дополнителна исплата за изведувачот од 7 милиони евра и нов рок до 2021 година кога и така сите претходни рокови беа промашени? Колку куфери Луј Витон се сега во игра? Зошто молчи обвинителство?

Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои денес ни носат порази е неминовен. Заев никогаш повеќе.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...