СДСМ на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста

СДСМ го очекува тежок пораз на предвремените парламентарни избори. Затоа СДСМ на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ја гарантираат професионалноста на институциите.

На Бихаќка владее страв дека преку делувањето на техничките министри и заменици министи ќе излезат на виделина сите злоупотреби и манипулации кои овие три години беа реализирани по наредба на Зоран Заев.

Затоа Ангеловска со наредба им забрани на вработените во министерството за финансии да комуницираат со дополнителната заменик министерка, Гордана Димитриеска-Кочоска. Целта на овие опструкции е да не се откријат злоупотребите на парите на граѓаните кои веќе три години, преку криминалнте тендери и грантови, завршуваа во џебовите на партиски послушници од СДСМ.

Нарачаните антисемитски напади врз министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи беа заради откривање на скандалот со дополнителните 4.603 нови  нерешени барања за надоместок за помош на нега од трето лице, со што вкупниот број се искачи на 11.514 нерешени предмети. Ова е уште една потврда за неспособноста и неработата на Владата предводена од СДСМ.

Заменик министерката во министерството за информатичко општество и администрација, Невена Стаменковска Стојковски, обелодени дека за период од само 2 месеци се распишани  огласи за вкупно 4.131 работно место во јавната администрација и државните претпријатија. Власта е фатена во очајнички обид за партизација на администрацијата пред парламентарните избори.

Опструкциите, ниските удари, лажните вести и манипулациите нема да ја продолжат политичката кариера на Зоран Заев. Крајот е близу, граѓаните на 12 април ќе изберат обнова на Македонија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...