Ангеловска се обидува со манипулации да ја покачи реализацијата на капиталните инвестиции на неспособната власт на СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на ставовите на Нина Ангеловска

Министерката за финансии, Нина Ангеловска се обидува со манипулации да ја покачи реализацијата на капиталните инвестиции на неспособната власт на СДСМ.

Имено таа како покачување на нивото на реализација на капиталните инвестиции се обидува да го прикаже уплаќањето на 2 милијарди денари, односно 32,5 милиони евра на посебната сметка на државното претпријатие МЕР (Македонски енергетски ресурси). Овие пари не се наменети за никакви капитални инвестиции, туку за преуплаќање на истите средства  на сметката на Макпетрол во врска со спорот со заедничкото претпријатие ГА-МА.

Со ова само се потврдуваат сомнежите дека власта на Заев со фабрикување и манипулации на бројките се пумпаат резултатите за да се прикрие нивната неспособност и неработење.

Реализацијата на капиталните инвестиции ако се земе овој факт во предвид воопшто не е ни приближно до 78%, туку реално се многу пониски. Џабе се ребалансите, џабе се кратењата на капитални инвестиции, џабе се префрлањата на сметки, народот виде дека оваа власт во своите 3 години не успеа да реализира ништо за интересот на граѓаните. Гледаме само раст на долгот, катастрофа во економијата и уништување на стопанството.

Тоа ќе заврши после 12 април, кога оваа неспособна и манипулативна власт на СДСМ и Заев ќе заминат во историјата.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....