Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Смаиловиќ и Бојаровски

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дафина Стојаноска – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата.

Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет.

Празната осуда без конкретни дела е поддршка за нападот на верска и национална основа врз Рашела Мизрахи од функционери на неговата партија.

Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ.

Осудите за антисемитизмот на СДСМ стигнаа од повеќе места во светот, но Зоран Заев останува нем на осудите и не ја разрешува Мерсиха Смаиловиќ од партиската функција, ниту Зоран Бојаровски од државната функција.

Сите го гледаме вистинското лице на Зоран Заев, тоа е лице на ширење на омраза и поделби.

Атмосферата за шиканирање на различностите е креирана од Зоран Заев.

Нездравиот амбиент во општеството мора да се искорени. Македонија мора да биде држава во која секој ќе се чувствува безбеден.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...