Трипуновски: Минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро, под знак прашалник рибниот фонд

Согласно моите активности сум во охридско и најнапред сакам на сите граѓани да им го честитам празникот Св. Наум, да посакам среќа, здравје и успех во нареднава година.

Она што сакав да го потенцирам од средбите кои што ги имав денеска во охридскиот регион е негрижата која што ја имаа Владата кон Охридското езеро, поточно кон рибниот фонд. Само за потсетување минатата година за прв пат после основањето на хидробиолошките завод од 1935 година, минатата година не се изврши порибување на Охридското езеро. Тоа е една катастрофална ситуација каде што практично го доведуваме до знак прашање рибниот фонд кој што постои овде.
Исто така во разговорите и информациите кои што ги добив е сомнителниот начин на порибување на Охридското езеро со јагула, каде што набавката беше извршена од Компанија ЕЛЕМ.

Согласно моите овластувања како дополнителен технички министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овие две активности ќе ги проверам и во наредниот период ќе ја информирам јавноста за сите злоупотреби и несериозен однос кој што го прави владата во делот на Охридското езеро, едно од природните богатства кои што ги има Република Македонија.
Оттука заминувам во Ресен каде што ќе имам средба со јаболко производителите, со овоштарите и ќе разговараме за актуелните проблеми кои што ги имаат и оние проблеми кои што ги имаа изминатиот период.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...