Мицкоски од Попова Шапка: Делото на Св. Наум Охридски ни го покажува патот дека со истрајност, добрина и работа се стига до резултати и остварување на целите

Традиционално денес во посета на Попова Шапка, каде се чествува празникот и делото на Св. Наум Охридски. Неговото дело ни го покажува патот дека со истрајност, добрина и работа се стига до резултати и остварување на целите. Денес Македонија одново се наоѓа на крстопат каде се носи одлука за нејзината иднина. Од оваа одлука зависи дали ќе се поддржат поделбите, криминалот, корупцијата, рекетите, или правдата, принципите, промените кои ќе донесат обнова. Нема друга влада како оваа денес која толку силно е заплеткана во милионски рекет, и толку многу нејзиното водство е вклучено во криминал. За жал тие кои го правеле тој милионски рекет, денес водат држава, и тоа не смее да се дозволи повеќе. Таквите контаминирани луѓе со криминал и рекет треба да си заминат од политиката и нормално да се соочат со нивната одговорност. 12 април е денот кога се решава за многу работи, а јас верувам во граѓаните на Македонија и фактот дека ќе ги поразат сите неуспеси и оние кои и носат порази на нашата земја.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...