СДСМ се во паника затоа што на виделина ќе излезат сите нивни матни и криминални зделки во земјоделието

СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување. Затоа сега СДСМ е во паника поради погрешните политики во земјоделието кои ги водеше изминатите три години.

СДСМ и Зоран Заев на земјоделците им ветуваа брда и долини. Ветуваа загарантиран откуп, поголеми откупни цени, нови пазари, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да им понуди на земјоделците.

Земјоделците од тоа не добија ништо. Немаше загарантиран откуп, немаше повисоки откупни цени, а немаше ни нови пазари. Родот наместо на пазарите заврши по улиците и буништата.

Проектот млад земјоделец целосно го утнаа, додека пак зелената нафта не ја добија ни половина од земјоделците, а и тоа што го добија беа ваучери од 500 денари, пари со кои не можат ни до бензиска да отидат не пак да ги обработуваат нивите.

За катастрофалната политика на СДСМ во земјоделието говори и фактот дека овие три години сведоци сме на чести протести на земјоделците кои едвај врзуваат крај со крај и не можат да ги издржуваат своите семејства.

Токму тоа е причината поради која СДСМ се исплашени затоа што на виделина ќе излезат сите нивни матни и криминални зделки во земјоделието поради кои земјоделците се на работ на егзистенцијата.

Набрзо СДСМ ќе стане само црно минато за земјоделците и за сите граѓани на Република Македонија. Следува време на чесни политики, со кои ќе се врати достоинството македонските граѓани.  Следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...