Јанушев:Со Спасовски и Заев сигурни може да бидат само криминалците и рекетарите во земјава

Извршната власт била во сигурни раце на Спасовски – кажа Заев. Со Спасовски и Заев сигурни може да бидат само криминалците и рекетарите во земјава.

Сигурните раце на Спасовски значат прво место на земјава во Европа по корупција и криминал, ослободени убијци на 4 малолетни деца кај Смилковското езеро, да го пуштат да избега убиецот на Мартин Нешкоски, скопскиот асфалт стана како оној во Бејрут, нема месец да нема некое крваво убиство или огнена престрелка како на Дивиот Запад. Ако ова се сигурните раце на Спасовски, не сакам да знам како изгледаат неговите несигурни раце.

И додека техничкиот премиер во оној “зелен спот” одговарајќи на 30 прашања, на прашањето што би му порачал сегашниот Оливер на Оливер кога имал 18 години, овој гордо и недоветно како од пушка ќе каже да биде чесен, што не упатува на тоа само да замислиме колку бил нечесен од мали нозе.

И на крај, додека Заев верува во сигурноста на Спасовски, мислам дека треба некој да му каже дека наместо премиерското место Заев по изборите, единствено што осигура е челното место на Спасовски во СДСМ.

Или што би рекол Заев – премиер повторно “мало сутра”!

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...