Денеска Македонија и граѓаните се ослободуваат од најнеспособната, најкорумпираната и најкриминална власт

Интегрален текст говор на Никола Мицевски

Почитувани,

Денес е денот кога Македонија и македонскиот народ ќе се ослободи од најнеспособната, најкорумпираната и најкриминална власт што ја имала до сега.

Денес е денот, кога Македонија ќе се ослободи од премиер на кој што лагата му е второ име. Премиер кој што од државата направи криминално дувло, држава која што не функционира во ниту една сфера.

Пред само 2 години, 7 месеци и 4 дена, Зоран Заев и неговите соработници кои денес се министри, функционери, градоначалници, ветуваа мед и млеко на македонските граѓани односно ветуваа „живот“ во Македонија.

Еве сме 2 години, 7 месеци и 4 дена подоцна, но од нивните ветувања немаме апсолутно ништо.

Почитувани граѓани,

Има една добра работа, а тоа е дека денес и ова 2020 година времето на Зоран Заев и СДСМ поминува. Дојде крајот на поразите и срамот кој што овој човек им го приреди.

Денес Зоран Заев поднесува оставка и истата не сака ниту да ја образложи, со што докажува дека и тој е свесен за штетата која што и ја нанесе на  Република Македонија.

Доаѓа време кога Македонија повторно ќе биде предводена од власта која што народот ќе ја одбере. Доаѓа време кога македонскиот народ ќе одлучи дека не сака повеќе криминалци, корумпирани и неспособни политичари.

Туку одговорни и посветени политичари кои ќе стојат гордо борејќи се за националните интереси и интересите на македонскиот народ.

Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми.

Почитувани,

Падна Катица, падна Заев а на 12 април паѓа и СДСМ.

 

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...