Во 2020та мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда на чело со аболицираниот криминалец Заев

Соопштение до јавноста

Во 2020та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда на чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите и срамот кој што Заев им го испорача на граѓаните во 2019-та година.

Во 2020та не смее да се повтори криминалот и корупцијата, расипништвото и неработата на оваа банда која за три години ја клекна на колена Република Македонија.

Оние 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија и беа заборавени од власта ќе го испратат Заев во политичка пензија. Сите оние кои овие 3 години беа ограбувани, угнетувани и понижувани од оваа власт ќе кажат доста е, бидејќи сакаат подобра иднина за нивната земја.

Доаѓа времето за обнова на Македонија, време на суштински реформи и успешна и просперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како нашата држава да ја стави на брзата трака за членство во Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ  може и знае како нашата држава да ја доближи до европскиот стандард и западните традиционални вредности.

Граѓаните на 12 април ќе изберат мерит систем наместо непотизмот. Ќе изберат успех на државата наместо порази на секој чекор. Ќе изберат силна економија и дигитално општество кое ќе го замени расипништвото кое го донесе Заев. Доаѓа време на обнова на Република Македонија.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...