Јанушев:Обновата на Македонија започнува во 2020 година

За последниот ден од 2019 година ќе се обидам да направам една кратка ретроспектива. Годината започна со ветувања од Заев и СДСМ за “економска година, година на “блескаме”, година во која Република Македонија требаше да биде на “прав пат”!

Но, што Заев и СДСМ ни “сервираа”, е тоа е сосема различно од вететното.

Започнаа со криминален, “шверцерски” и уценувачки (својствен за нив) начин да го менуваат Уставот, со промена на името, идентитетот и јазикот! Го осквернавија Македонскиот народ!

Заев продолжи со бисерите за “Суетниот новинар” и “Педерот” … за истото подоцна да кулминира во “Рекет 1”, “Рекет 2”, итн … да се потсетиме и на криминалите во М-НАВ, хеликоптерите, иновациите, тендерите во здравството … па, се “бореа” со “fake news” кои сами ги креираат … руските пранкстери … “драмите” кои ги правеа за новиот Закон за ЈО под мотото за правна држава …

Дојдоа до апсолутна власт со мотото “нема правда, нема мир”, со ветувања за правна држава и владеење на правото … и за 3 години станаа антипод на се за што “лажеа” дека се залагаат … апсолутни рекордери во лажење, манипулации, криминал, корупција, рекет и скандали …

Да измислуваш и фабрикуваш криминални случаи и обвиненија само за да рекетериш е најдобриот опис за начинот на функционирање на Зоран Заев и криминално-рекетарската банда на СДСМ.

Како беше онаа нивна парола “живот за сите”? Во реалноста во овие 3 години видовме само живот за лажење, за манипулации, за криминал, за корупција, за рекет, за скандали! “Нема правда, нема мир” се претвори токму во тоа – лажење, манипулации, криминал, корупција, рекет и скандали!

Да Ве потсетам дека сите ќе одговараат!
Сите кои се огрешиле пред законите ќе одговараат, и извршители, и нарачатели, и оние кои ги штитат! Без разлика кои се и која функција ја обавуваат, обавувале или ќе ја обавуваат во иднина!

Република Македонија мора еднаш да расчисти со криминалот без разлика од каде доаѓа! Безкомпромисно, неселективно!

Обновата на Македонија започнува во 2020 година.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...