СДСМ зад себе остава уште една промашена година на економски план

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Фатмир Битиќи

СДСМ зад себе остава уште една промашена година на економски план. Растот на БДП за кој што не убедуваа дека ќе биде со ставка од 5, 6 или 7% е далеку помал и еден од најмалите во регионот и Европа.

Странски инвестиции во државата речиси и да нема. Затоа споредено со останатите земји во регионот, нивото на странски инвестиции пер капита е убедливо најмало и изнесува 24 евра, во ситуација кога Србија има 543 евра, Словенија 280 евра, а соседна Бугарија нешто повеќе од 40 евра.

Вработување во Македонија добиваат само оние кои што имаат роднини високи функционери во власта, а сите останати или треба да преживуваат или ја бараат среќата надвор од државата.

Над 500 илјади луѓе живеат под прагот на сиромаштијата, 70% од граѓаните земаат плати помала од просечната, 47% од младите се невработени а 80% сакаат да ја напуштат државата, додека пак јавниот долг ја надмина психолошката граница од 50% од БДП.

Единствена светла точка во економијата се странските инвестиции кои беа договарани во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжениот ефект на тоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ го направи се чувствува и ден денеска, како од аспект на извозот така од аспект на производство, зголемување на вработеноста и природен раст на плати.

Неспособната власт на СДСМ, не направи ништо во економијата да дојде до забрзано движење и подобрување. Напротив тие сега се обидуваат во пресрет на изборите  со гол популизам и интервенционизам да го ублажат поразот на претстојните избори кој што ќе биде резултат на незадоволството на граѓаните од нивните погрешни политики. Се што фатија, се исушија. Економската обнова на Македонија ќе следи после 12 април.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....