ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи предлага нов човек во политиката и врвен професионалец

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Веднаш после средбата со господинот Ахмети, имавме средба со премиерот во заминување господинот Зоран Заев генерално три теми би ги издвоил од нашиот денешен разговор.

Првата тема беше името за техничкиот министер за внатрешни работи, втората тема беше поврзана со останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од техничката влада и трета тема беше, која што ја отвори господинот Заев, а тоа е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните кои што се во собранието поврзани со тоа прашање.

По првото прашање, разговаравме за името, му го презентирав, ја презентирав биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации кои што тоа треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Договоривме за отприлика час, час и половина од сега да се слушнеме телефонски и за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки ниту пак имаше дополнителни коментари.

Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава

Поврзано со второто прашање, а тоа е со останатите предлози како што се техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите, земјоделие, финансии и администрација. Отприлика слушнавме од премиерот во заминување, господинот Заев за профилот на личностите да техничкиот премиер ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација а дури потоа од кога ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста. Поврзано со третото прашање разговаравме и ние како ВМРО ДПМНЕ изразивме спремност  да веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои и да бидат тогаш а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО ДПМНЕ а тогаш опозиција ќе биде СДСМ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на таканаречените отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори посебно за листите на советници.

Од прилика тоа беа трите теми кои што би ги издвоил од денешната дискусија.

Прашање новинар: Нема да ги кажете?

Одговор: Да почекаме во интерес на принципите час , час и  половина  додека не биде потврдено да не го соопштуваме тоа.

Прашање новинар:  Господнине Мицкоски член на вашата партија веќе  објави на фејсбук дека Драган Ковачки ќе биде новиот министер за внатрешни работи?

Одговор:  Јас повторно ќе кажам да почекаме час , час и половина да добиеме потврда од страна на СДСМ од страна на премиерот во заминување Господинот  Заев па дури потоа ќе го потврдиме, но она што можам да кажам е дека станува збор за лице, врвен професионалец човек кој што има исклучително квалитетна и импозантна биографија во областа каде што дејствува.

Прашање новинар: За министерот за труд и социјала и за дополнителните министри не ви треба согласност . Зошто до понеделник консултации ?

Одговор: Па сакавме најпрво да видиме каков профил на личности очекуваат за да немаме повторно  игри од типот тргни застани па одбивање неприфаќање иако нема законски пропишано да нема консултација но она што не е забрането со закон е дозволено затоа не би сакале да бидеме нити ние ниту јавноста жртви на дополнителни игри , затоа однапред сакавме да го слушнеме профилот да не биде зошто тој не го прифаќаме дајте друг. Затоа сакавме вака во прво лице да го слушнеме профилот кој што го очекуваат. Ние имаме неколку имиња кои што во Понеделник ќе бидат соопштени на македонската јавност.

Прашање новинар: Господине Мицкоски извесни ли се изборите после оваа средба? Добивте ли впечаток дека избори ќе има?

Одговор: Па јас мислам дека таква дилема веќе нема Македонската јавност. Од причини да нема некакви игри, превенираме секакви ризици за тргни, па застани. Еве сега мислам дека веќе немаме дилема за тоа што ќе се случи на 12ти април, а техничката влада на 3 јануари. И дефинитивно по стариот изборен модел. Веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори, тогаш опозиционата СДСМ и владеачката ВМРО-ДПМНЕ ќе седнат и разговараат за нов изборен модел.

Прашање новинар: Дали беше успешна средбата?

Одговор: Па ова се консултативни средби, генерално ако ме прашувате, педагошки, да успешна беше.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...