Што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Русковска и дали се откриени сите детали и сите инволвирани од СДСМ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Вчера низ медиумите можевме да сретнеме неколку теми поврзани со случајот РЕКЕТ, кои по се го склопуваат мозаикот што не сака да го види ниту Русковска ниту Јовевски бидејќи му слугуваат на Зоран Заев во моментов.

Се кријат докази, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари.

Од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот РЕКЕТ, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот рекет односно нарачателите.

Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски.

Затоа прашуваме што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева? Дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање и ги открива сите детали и сите инволвирани на луѓето од  врвот на СДСМ и Власта во најголемиот случај на рекетирање? Дали можеби во таа изјава која Русковска ја сокрила од Јовевски се споменува и Зоран Заев или некој друг од врвот на власта  од страна на Јанева?

Од самиот почеток како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме на неколку работи, се потврди дека се вистинити.

Најпрвин дека се кријат докази и дека се остава простор сите кои што можат да ги прикриваат, се со цел да се спаси главата на октоподот, за која што сите знаеме која е. Катица Јанева имаше доволно простор и време да брише докази и да прикрива докази уште пред да влезе во притвор. Еве сега гледаме дека Вилма Русковска има сомнеж дека сокрила изјава од Катица Јанева каде што ги открива деталите, само за да ги спаси инволвираните од врвот на СДСМ и власта.

Второ, Јовевски и Русковска тврдеа дека нема вмешани политичари во РЕКЕТ јавно на прес конференција и замолија да не се злоупотребувале имињата на функционерите од власта. Нормално и таа прес конференција беше само и само за да ги заштитат функционерите на СДСМ и луѓето од врвот на власта. Потоа видовме дека под притисок на медиумите и јавноста сепак се потврди и се обелодени дека бил вмешан и политичкиот врв на СДСМ, а од вчера слушнавме и јавно од сведоците на сведочење во Рекет, кои потврдија дека домот на Бојан Јовановски многу често го посетувале и Венко Филипче, Александар Кирацовски, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и многу други политичари од врвот на СДСМ и на владата.

На крај, на Заев му требаше многу време да се сети и да одговори на новинарско прашање, кое му го поставија а тоа е кога го пријавил случајот РЕКЕТ.

Главното прашање е, зошто кога го пријавил случајот РЕКЕТ дали усно дали писмено, бидејќи самиот не знае како го пријавил нема никаква писмена белешка во институциите од неговото пријавување на овој случај? И дали Заев е сигурен дека го пријавил во надлежната институција, а не некаде на друго место?

Најверојатно во периодот додека чекавме да одговори Заев тој не можеше да се сети дали го пријавил кај Русковска или можеби на некое друго место за да предупреди некого дека веќе луѓето знаат за случајот Рекет и за рекетирањето од страна на инволвираните.

Иако Заев знаел за целиот случај, тој и 2 месеци откако наводно пријавил, се уште ја поддржуваше Катица Јанева, ја штитеше и ревносно се бореше таа да биде нов шеф на новото обвинителството. Дали Заев со таа поддршка се пазареше со Јанева да не ги открива деталите од целиот случај, останува да одговори Заев или пак доколку молчи како за се друго оставаме јавноста да процени што е точно и што била намерата.

Очигледно Заев и СДСМ и сите инволвирани се повеќе се заплеткуваат во сопствените лаги.

Ги охрабруваме сите сведоци, сите оние кои што знаат нешто во врска со случајот Рекет да не ја кријат вистината и да ги изнесат сите детали, бидејќи ако некој се обиде некого да скрие автоматски станува соучесник во целиот случај. Тоа никому не му одговара, најмалку на вистината и на правдата. Редно време е се да се обелодени.

Случајот РЕКЕТ мора да се расчисти и ќе се расчистат многу дилеми за многу брзо откако Зоран Заев сакал или неќел ќе мора да ги тргне своите канџи од институциите кои што ги има поставено дали со уцени или закани.

Времето на Заев и на СДСМ завршува. Зоран Заев е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе. Во ликот на Зоран Заев можеме да видиме еден исплашен човек кој што се плаши и е убеден и веќе знае дека  не само што нема да биде премиер туку сите матни, сомнителни и криминални дејанија кои што ги работела оваа влада за многу брзо ќе излезат на површина.

А, веднаш по паѓањето од власт на Заев и СДСМ, следува одговорност за сите сомнителни случаеви на криминал.

Обнова на Македонија мора да има и Република Македонија мора да тргне напред. Сето тоа ќе почне да се случува веднаш после 3 јануари а ќе продолжи со брзо темпо Обновата по 12 април по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и по доаѓањето на Христијан Мицкоски како премиер на Република Македонија.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...