Платите во образованието не се зголемени, туку се намалени во однос на примањата кои образовните работници треба да ги добијат согласно колективниот договор

Соопштение до јавноста реакција на прес конференцијата на Елизабета Наумоска

СДСМ во изминативе три години само ги лаже и манипулира граѓаните.  Платите во образованието не се реално зголемени, туку се намалени во однос на примањата кои образовните работници треба да ги добијат согласно колективниот договор. Со слабо мотивиран кадар во образованието, целиот образовен систем оди надолу, а тоа го говорат сите истражувања.

Трошењата на средствата од буџетот не се за долгорочни цели и за суштински промени кои гарантираат одржлив раст на платите, туку преставуваат популистички мерки за додворување пред граѓаните.

Лага е дека СДСМ ги зголемува платите во образованието ако се земе во предвид фактот дека најниската плата во моментот за наставниците е 21.660 денари, а во средно образование 22.500 денари. Од ветената просечна плата од 500 евра нема ни трага ни глас.

Во моментот просечната плата исплатена заклучно со Октомври месец 2019 година во средното образование е околу 23.680 денари , со предвиденото 10 % зголемување од 1 Јануари  2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари.  Според колективниот договор кој што е потпишан од Синдикатот , Министерството за образование и наука во 2010 година и членобите 34 и 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието, вклучително и образовниот кадар. По тие коефициенти минималната плата на наставниците требаше да изнесува 31.660 денари или за 5.660 денари повеќе од тоа што е предвидено со покачувањето од 10%.

СДСМ не направи ништо добро во делот на образованието и не ги оствари суштинските реформи  кои ги вети. Наставниците се излажани и изманипулирани од Зоран Заев и СДСМ.

Според квалитетот образованието во Македонија е едно од најслабите во регионот и во Европа токму поради лошите политики на владата на СДСМ.

СДСМ и Зоран Заев мораат да си одат за наставниците ги добијат правата што ги заслужуваат. СДСМ и Заев мораат да си заминат за да обновата да почне и конечно платите да почнат реално и одржливо да растат.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...