Антикорупциската комисија да го истражи случајот со Пин Петрол и доделувањето на лиценцата за технички преглед

 Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Власта во заминување ограбува се што може да се ограби. Секој денар мора да заврши во џебовите на функционерите на СДСМ или пак на нивните спонзори.

ПИН ПЕТРОЛ, фирма која отвори бензинска, а камен темелник фрлаше Оливер Спасовски, си доби тендер за технички преглед на моторни возила. ПИН ПЕТРОЛ е сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски.

Неговиот татко е главен финансиер на СДСМ Куманово. Ова е извадок од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, од каде се гледа дека МВР после лиценцата му дала и тендер на татко на Петрушевски за отворање на технички преглед за моторни возила. Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте.

Во една година се отворени и бензинска пумпа и станица за технички преглед за моторни возила. Јавноста шпекулира и отворено се прашува, дали зад ПИН ПЕТРОЛ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!?

Кога веќе ЈО не истражува ја повикуваме Антикорупциската комисија да го истражи случајот со бензиската станица и доделувањето на лиценцата за технички преглед. Институциите треба да истражат дали бизнисите на Пин Петрол се отвораат по легален или нелегален пат со нелегални пари!?

Дали бизнисите на Пин Петрол, како што е и скорешната лиценца за технички преглед се резултат на влијание од страна на Оливер Спасовски и неговиот советник и дали истиот има материјален интерес од разработувањето на оваа фирма!?

Бизнисите на ПИН ПЕТРОЛ се крајно сомнителни. Потребно е итно да се испитаат сите индиции, а доколку тоа не се стори сега, ќе биде сторено по 12 април.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...