Затуроска до СДСМ: Ме разочаравте што не ја прифативте иницијативата да говориме за загадениот воздух

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска денес на собраниска седница посочи дека жали зошто пратениците од СДСМ не ја прифатија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да говорат за загадувањето на воздухот. А таа расправа ќе беше се со цел да се помогне на владата да донесе мерки за заштита на граѓаните од загадениот воздух.

Искрено сум разочарана од страна на моите колеги од позицијата кои што не ја прифатија иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да разговараме за загадувањето на воздухот. Сериозно ќе разговаравме, сериозно ќе донесевме одредени заклучоци кои што верувам ќе беа и како основа за донесување на одредени механизми, да им помогнеме на владата да донесат конкретни решенија во насока на надминување на овој проблем, истакна Затуроска.

Затуроска потсети дека Комисијата за транспорт и врски донесе една серија на заклучоци кои што беа консензуално донесени преку една јавна расправа. Сите тие заклучоци беа испратени до релевантните институции кои што требаше истите да ги спроведат. Но за жал досега не се знае дали тие заклучоци воопшто се прочитани, бидејќи засега нема соодветна имплементација на истите.

Се надевам дека колегите во идниот период еве после новогодишните празници од Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ја поддржат иницијативата за една надзорна расправа се со цел да направиме една контрола во однос на она што сме го донеле во минатото, мерките против загадувањето на животната средина и воздухот. Како и на кој начин или зошто одредени институции не сакаат да ги имплементираат, заклучи Затуроска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.